Манекенката Емили Ратајковски дефинитивно знае како да привлече внимание.
На афтер забавата што се одржа по Мет Гала во Њујорк, Емили уште еднаш го забрза пулсот на публиката во црн, проѕирен фустан кој ги откри сите нејзини прекрасни атрибути.
31-годишната манекенка го истакна своето деколте и облече црни, секси ракавици, а кога се сврте, дури тогаш следуваше сцената која ги стави мажите во трљнс.
Полупроѕирното здолниште со мрежа прекрасно го покажа нејзиниот долен дел облечен во танга, поради што на некои им беше тешко да ја погледнат во очи.
Нејзината облека се вклопи во овогодинешната тема на Мет Гала посветена на Карл Лагерфелд бидејќи фустанот беше во неговиот препознатлив стил.