Емир Кустурица доби руски пасош: Нови документи за директорот кој моментално има српско и француско државјанство

Прославениот режисер Емир Кустурица има намера наскоро да добие руско државјанство, пренесува новинската агенција ТАСС.

– Мислам дека тоа ќе се случи наскоро. Но, не можам точно да кажам кога – изјави Кустурица.

Претходно режисерот објасни дека рускиот пасош ќе му помогне да снима филмови во таа земја. Како што најави Кустурица за време на Кустендорф, тој моментално работи на својот нов филм „Како не снимав злосторство и казна“. Во овој филм ќе глуми рускиот актер Јуриј Борисов, кој беше номиниран за Оскар.

Борисов гостуваше на 18. Кустендорф, каде беше најавена оваа соработка. Актерот го претстави филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер, кој му донесе номинација за Оскар во категоријата за најдобра споредна машка улога. Тој, инаку, е првиот руски актер кој е номиниран за Оскар.

Кустурица неодамна ја доби наградата „Дејан Медаковиќ“

Кустурица е роден во Сараево и моментално има српско и француско државјанство. Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, по повод неговиот 
70-ти роденден, му додели Орден Серафим Саровски од 1 степен, за неговиот придонес во зачувувањето на традиционалните вредности во општеството.

Кустурица оваа награда ја нарече една од најважните во неговиот живот. Рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека славеникот го смета за „еден од најпознатите филмски режисери, признат актер, музичар и писател, кој напиша брилијантна страница во историјата на светската уметност“.