Трогателни сцени ја обиколуваат планетата!
Голманот на Частковица, Михал Кукучка, за последен пат во кариерата ја напушти играта на 45 години и во таа прилика ја имаше најголемата поддршка во противничкиот гол.
Неговиот син Денис се најде меѓу стативите на неговиот ривал Тренчин и веднаш истрча да го прегрне својот татко, а овој момент предизвика бура од емоции кај сите.
Сето ова се случи на натпреварот од третото коло од Купот на Словачка, во кој тимот на Тренчин беше домаќин на третолигашот Частковице и го победи со 2:1.
Сениорот целата своја кариера ја мина во пониските лиги во Словачка.