Легендарниот Рафаел Надал ќе се збогува од професионалното играње тенис во Дејвис купот, а има можност за „последен танц“ пред својата публика во Малага, каде што ќе го одигра првиот меч против холандскиот играч, Ботик Ван Де. Зандшлуп.
За овој настан имаше огромен интерес, а колку на сите им е тешко поради пензионирањето на Рафа, говори и тоа што на секој метар практично може да се видат натписите „Благодарам Рафа“.
Емотивно беше и пред почетокот на мечот, за време на интонирањето на националните химни, кога Надал плачеше, а тоа го сними и ТВ камерата.
Покрај тоа, тенисерите на шпанската репрезентација го носеа знамето на провинцијата Валенсија, во знак на солидарност поради страшните поплави кои ја погодија таа покраина.
После тоа со едноминутно молчење за сите жртви на оваа страшна трагедија.