ЕМОТИВНО- ПРВА СРЕДБА НА НОВАК СО ТАТКО СИ ПО ПОБЕДАТА: Силно го прегрна – тато на Ѓоковиќ длабоко воздивна! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ емотивно се поздрави од своите најблиски по победата во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ го освои Австралија опен без присуство на татко му Срѓан Ѓоковиќ во ложата, затоа што се договориле тој да не се појави откако беше фотографиран со руски активист надвор од стадионот. Затоа нивната средба беше особено емотивна по победата на Новак на стадионот „Род Лејвер“, каде Ѓоковиќ постариот дојде од хотелот, каде на телевизија ја виде победата на својот син, а потоа славеше со народна музика. Погледнете го тој натпревар:

Новак победата веднаш ја прослави со најблиските – братот Марко, мајката Дијана, вујко Горан, тренерот Горан Иванишевиќ, кумот и масер Миљан Амановиќ… Имаше многу емоции, под кои Ноле „пукна“ и во еден момент колабира , паѓајќи на подот во солзи. По мечот, на прес-конференцијата призна дека се што поминувале тој и неговиот татко како семејство му било многу тешко.

„Не е пријатно, јас сум човек од крв и месо, такви работи ме допираат. Особено кога на тој начин ќе го допрат татко ми, сосема незаслужено. Се потпираше на нешто од порано, да беше некој друг ќе поминеше за два-три часа“, призна Новак во својот говор за неговиот татко.