„Присутен, но не е присутен“.
Михаел Шумахер пред девет години имаше несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Долго време беше во кома, а за неговата здравствена состојба малку се знае, бидејќи неговото семејство на чело со сопругата Корина решило ништо да не открива во јавноста.
Еден од луѓето кои се огласија со информации по катастрофата беше Еди Џордан, ирски бизнисмен за чиј тим „Џордан“ Шумахер возеше во 1990-тите.
Џордан ја откри состојбата во која се наоѓа Шумахер, а со изјавата дека Германецот е „присутен, но не присутен“ ја заинтригира јавноста, а набрзо сопругата на Михаел Корина му забрани да го посети.
Целата ситуација се обиде да ја смири Мик Шумахер, синот на легендарниот Германец, кој му подаде рака за помирување на Еди Џордан.
– Што се однесува до мене, ме трогна потегот на Мик и тоа е затоа што не може да биде лесно да знаеш дека татко ти не може да биде дел од семејството. Тој е таму, но како да го нема. Имам свој став кој не сакам јавно да го искажам – изјави Џордан и додаде дека и Мик Шумахер треба да се грижи за својата кариера:
– Сосема сум сигурен дека ќе успее во се. Можеби отказот од Хаас е вистинската работа што му се случи, ме трогна бидејќи сум многу поврзан со Мик, го најдов и му дадов шанса и иако таа соработка не траеше долго – мојата љубов кон него ќе бидам таму додека можам да дишам, заклучи Џордан.