Енди Мекдауел: „Сакам да бидам стара“ – лекција што секоја жена треба да ја научи

Енди Мекдауел се осврна на природното стареење, кое самата го промовира, и им порача на жените дека не треба да се срамат од своите години, туку да ги носат гордо, исто како што прави таа.

Актерката Енди Мекдауел е една од познатите личности која промовира природен изглед , а со тоа и природно стареење , па затоа уште еднаш им порача на жените дека не треба да се срамат од своите години во време кога општеството ни наметнува дека треба да изгледаме помлади.

„ Ќе изгледам онака како што треба, затоа што се сакам себеси “, рече актерката гласно и јасно во шоуто со поранешната колешка Дру Баримор. 

Енди Мекдауел е мајка на три деца и во емисијата откри дека никогаш не би очекувала нејзината баба, која толку многу ја почитуваше, да подлегне на модерните притисоци да изгледа младо. 

„Тоа не беше концепт што постоеше, а тој концепт нè понижуваше како што старееме. Сега нè тера да се чувствуваме засрамени “, рече актерката. „Имам три мали внучиња и ќе им бидам баба и ќе изгледам онака како што треба да изгледам, затоа што се сакам себеси и не морам да изгледам млада , а те сакам што го правиш ова“, рече таа.

Таа најдобро ги демонстрира своите ставови гордо носејќи ја својата седа коса, која стана нејзин заштитен знак . Сепак, таа нема ништо против разубавувањето и „подмладувањето“, бидејќи верува дека тоа е прашање на личен избор. 

„Моите две сестри ќе ја бојадисуваат косата засекогаш. Мислам дека секој мора да направи свој избор кога станува збор за стареењето, врз основа на тоа како се справува со тоа чувство“, објасни актерката, позната по своите улоги како сакани убавици. 

Кога првпат се појави во јавноста со седа коса, многумина коментираа дека изгледа постаро, но таа вели дека не ја интересираат коментари за нејзиниот изглед. 

„Знаете, полнам 65 години, што мислите, дали изгледам како да имам 75 само затоа што ја оставив косата да ми расте? Но, не ми е гајле, сакам да бидам стара. Уморна сум од обидите да бидам помлада. Не сакам да бидам млада. Бев… А како постара личност што се обидува да биде млада, каков напор е тоа… едноставно не можам да ја одржам таа фасада “, претходно изјави Енди Мекдауел. 

Нејзиниот став го делат Памела Андерсон, Хали Бери, Дру Баримор, Валери Бертинели и многу други познати дами, кои ги има сè повеќе и повеќе – не во борбата против стареењето, туку во борбата против подмладувањето.