Оние кои го пробале овој начин на добивање енергија велат дека навистина помага.
Кафето е пијалок без кој многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот. Многу истражувања често докажуваат дека кафето има бројни здравствени придобивки, некои дека е лошо, но со овие адитиви навистина станува енергетска бомба за цел ден.
Станува збор за мешавина од кокосово масло, какао и природен шеќерен алкохол (еритритол), кој го нарекуваат здрава замена за класичниот шеќер.
Секое утро во топло кафе се додава лажичка од оваа смеса. Оние кои го пробале овој начин на добивање енергија велат дека навистина помага.
Инаку, какаото е богато со железо, бакар, магнезиум, манган, калиум, фосфор, цинк и селен. Покрај тоа, какаото е храна која е исклучително богата со антиоксиданси, повеќе од повеќето други намирници.
Улогата на кокосовото масло е да го успори варењето на кофеинот и да го намали несаканото дејство на кафето. Содржи одредени заситени масни киселини кои лесно се разградуваат и релативно брзо се претвораат во енергија. Комбинацијата од кокосово масло и кофеин ги намалува драматичните подеми и падови на енергија во телото и обезбедува енергија која е подолготрајна и постабилна.
Исто така, масните киселини како оние во кокосовото масло го намалуваат апетитот и чувството на глад, па можат да придонесат за губење на вишокот килограми. Според едно истражување, луѓето кои јадат храна со такви масни киселини за појадок имаат тенденција да ручаат подоцна од оние кои немаат таква навика.
Состојки:
шолја (од 2,5 dcl) омекнат кокосово масло
шолја (од 2,5 dcl) какао
3 лажички еритритол
Постапка:
Сите состојки добро измешајте ги, за да се изедначи смесата, па ставете ја во тегла и ставете ја во фрижидер додека не стане цврста. Потоа чувајте ја теглата во кабинетот до кафето и додајте во утринската шолја од вашиот омилен пијалок – по една кафена лажичка. Мешајте додека не се раствори.