Синот на Енес Беговиќ, Армин Беговиќ почина на 30-годишна возраст во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а денеска беше испратен во вечното почивалиште.
На социјалната мрежа Инстаграм се појавија фотографии од погребот. Пејачот Енес беше неутешен од болка и тага, а пејачот Драган Којиќ Кеба се појави на погребот носејќи бела роза. Халид Бешлиќ, Младен Војичиќ Тифа и други пријатели на Енес беа на погребот.
Пријателите на Енес му изразија сочувство и го гушкаа, а на неговото лице се гледаше болката и тагата за неговиот син кој ненадејно почина.
Како што пренесуваат локалните медиуми, на погребот не присуствува ниту мајката, ниту сопругата на покојниот Армин, а причината се нивните обичаи.
Инаку, сопругата на Армин, Алмина Гаџо Беговиќ во секој момент треба да се породи.
– Се чувствува добро… Секој ден чекавме да се породи – изјави Елвира, нагласувајќи дека тоа може да се случи во секој момент.