ЕПИЦЕНТАР ВО ХОЛИВУД Земјотрес со јачина од 3,9 степени го погоди Лос Анџелес по Оскарите 

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа го потресе Лос Анџелес, само неколку часа по завршувањето на церемонијата на доделувањето на Оскарите за најдобри филмски награди.

Земјотресот е регистриран во 22 часот и 13 минути по локално време, со епицентар во Северен Холивуд.

Се почувствувал и во долината Сан Фернандо, Торенс, Пасадена и други делови на Лос Анџелес, објави NBC Лос Анџелес.

Земјотресот се случи само неколку часа откако познатите личности го напуштија театарот Долби во Холивуд, по завршувањето на 97-то доделување на Оскарите.