Скандал на натпреварот меѓу Албанија и Чешка во квалификациите за ЕУРО!
Системот ВАР често претставува сериозен проблем во европскиот фудбал.
Сведоци сме дека технологијата понекогаш знае да нè излаже и имаме малку комични ситуации.
Комична се случи во Тирана на исклучително важен натпревар. Единствената добра работа во сето тоа е што оваа голема грешка не влијаеше на победникот.
Голот на Арбнор Муја во 82. минута беше поништен од судиите од ВАР просторијата поради офсајд.
Ова не би било спорно доколку линијата што беше повлечена одеше до крај дијагонално!
Погледнете:
Судијата Дени Мекили доби повик од ВАР-собата, па мораше да го поништи голот.