– Македонската одбојкарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Полска со 3-0 (12-25,21-25,14-25) и со тоа го претрпе првиот пораз во третиот натпревар во групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Скопје.
Полска, која е актуелен освојувач на Лигата на нации, ја оправда фаворитската улога на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ и го продолжи максималниот ефект на ЕП на кое е меѓу главните кандидати за медал.
Македонските одбојкари, кои со стартните победи над Данска и Црна Гора ја остварија првата зацртана цел и изборија историски пласман во осминафиналето, сега ги очекува ден пауза пред завршните два натпревари во групата Ц.
Во вторник противник ќе им биде Холандија, а групната фаза ќе ја комплетираат в среда против Чешка.