Курти во објава на Фејсбук посочува дека за две години владеење го зголемиле бројот на војници за 80 отсто.
Албин Курти, најави дека Косовската армија доби беспилотни летала ТБ-2, попознати како беспилотни летала, кои Владата ги купи од Турција.
Курти во објава на Фејсбук посочува дека за две години владеење го зголемиле бројот на војници за 80 отсто.
– Во арсеналот на нашата армија додадовме беспилотни летала Бајрактар ТБ-2, кои како влада ги купивме од Турција. За две години владеење го зголемивме бројот на војници за над 80 отсто, а буџетот за армијата над 100 отсто. Косово сега е побезбедно од било кога – гордо напиша Курти.
Тој додаде дека со командантот на КБС, генерал-потполковник Башки Јашари и министерката за одбрана Арменда Мехај, им честитале на офицерите кои ја завршија обуката за употреба на беспилотни летала.