Турција денеска во Дамаск ја отвори својата амбасада во Сирија, затворена од 2012 година, изјави турскиот министер за надворешни работи
Тимот на амбасадата и шефот на мисијата денеска заминаа за Дамаск, а амбасадата ќе почне со работа од утре , рече Фидан во интервјуто што се емитуваше во живо на приватниот турски канал НТВ.
Турската амбасада во Дамаск беше затворена на 26 март 2012 година, една година по почетокот на граѓанската војна во Сирија, поради влошената безбедносна ситуација и повикот на турската влада за оставка на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Фидан рече дека Турција ги убедила Русија и Иран да не интервенираат во Сирија за време на бунтовничката офанзива што ја собори владата на Асад.
По 11-дневна офанзива, бунтовничката коалиција предводена од радикалната сунитска исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам го зазеде Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на половина век владеење на семејството Асад.
Сменетиот сириски претседател со семејството отиде во Москва, каде што доби азил.
За затворските сцени во Дамаск зборуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој рече дека фотографиите од подземните затвори во Дамаск се „најдобриот одговор“ за поддржувачите на Асад.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неодамнешните слики од подземните затвори во Дамаск служат како „најдобар одговор“ за оние кои го поддржуваат соборениот сириски режим.
– Најдобар одговор на оние кои гледаат на револуцијата во Сирија со затворени очи, на оние кои ја величаат ерата на Башар ал Асад, се подземните затвори во Дамаск – рече Ердоган на покраинскиот конгрес на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во северозападна Турција, пишува The Caspian Post, повикувајќи се на турски медиуми.
Турција ги поддржа „нашите сириски браќа и сестри“, исполнувајќи ги обврските од „братството“ , рече Ердоган.
Откако избија судири на 27 ноември меѓу бунтовничките и исламистичките групи и сириската армија, Башар ал Асад и неговото семејство побегнаа во Русија.
Заземањето на главниот град Дамаск од страна на бунтовниците и исламистите го означи крајот на владеењето на партијата Баас, која владееше со Сирија од 1963 година.