Во Турција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и Кемал Киличдароглу, кандидатот на опозициската Национална алијанса.
Избирачките места се отворени утринава во 8 часот по локално време и, како што пренесуваат турските медиуми, и двајцата кандидати гласале истовремено во своите изборни единици. Ердоган гласаше во изборна единица во азискиот дел на Истанбул, а неговиот противкандидат Киличдароглу гласаше во Анкара.
За гласачите во Турција беа поставени 191.885 гласачки кутии, а во вториот круг од изборите право на глас имаат дополнителни 47.523 гласачи, кои во меѓувреме наполнија 18 години, јавува Анадолија.
Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, од Истанбул ќе го следи процесот на гласање во вториот круг од претседателските избори , а во главниот град Анкара се очекува да пристигне по 18:00 часот, објави турската државна телевизија „Хабер“. пријавени.