Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Белград на 11 октомври, објави турскиот портал Јени Шафак.
Се наведува дека Ердоган пред да пристигне во Белград на 10 октомври ќе ја посети и Тирана, а потоа ќе отпатува за Србија.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за посетата на Ердоган на Србија и Албанија.
Се додава дека тоа ќе биде почеток на „дипломатскиот маратон“ на Ердоган, бидејќи по Белград тој меѓу 22 и 24 октомври ќе оди во Казан, Русија, каде што ќе се одржи 16. Самит БРИКС, а се очекува на самитот ќе се сретнат и со рускиот претседател Владимир Путин.