Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека го прекинува контактот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради нападот во Газа.
„Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме.
Ердоган на новинарите им рече дека неговиот ирански колега, Ебрахим Раиси, ќе ја посети Турција на крајот на ноември за да разговара за Газа, како и дека ќе присуствува и на самитот на исламските земји во Ријад подоцна овој месец.
Тој рече дека тогаш Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) ќе се заложи за прекин на огнот и ќе разговара за параметрите на таквиот потег.
Говорејќи пред новинарите на летот назад од Казахстан во петокот, Ердоган рече дека нема да има повеќе доверба во глобалниот систем доколку Израел не биде запрен и не се повика на одговорност за, како што рече, „воени злосторства и кршење на човековите права“.