– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека на Самитот на НАТО ќе побара да се отвори патот за членство на Турција во Европската Унија (ЕУ) за Туркије да го трасира патот за членство на Шведска во НАТО.
„Ги повикувам земјите што ја тераат Турција да чека пред портата на ЕУ повеќе од 50 години… Прво, отворете го патот на Турција кон ЕУ, а потоа ние ќе го трасираме патот за Шведска токму онака како што го сторивме тоа за Финска“, рече Ердоган на конференцијата за новинари во Истанбул пред неговото заминување за Вилнус, главниот град на Литванија, за да присуствува на Самитот на НАТО.
Ердоган повтори и дека членството на Шведска во НАТО зависи од исполнувањето на прашањата наведени во минатогодишниот трипартитен договор потпишан во Мадрид во текот на минатогодишниот Самит на НАТО.
Претседателот на Турвија рече дека прашањето за пристап на Шведска во НАТО е дискреционо право на турскиот Парламент и додаде дека тоа прашање не е поврзано со купувањето на авионите Ф-16 од САД.
„Турција верува дека завршувањето на војната меѓу Русија и Украина со праведен, траен мир, ќе го олесни членството на Украина во НАТО“, рече Ердоган.
Ердоган, исто така, најави дека на Самитот на НАТО повторно ќе ги повика земјите што воведуваат ограничувања кон Турција, брзо да ја поправат таа грешка.
Во текот на дводневниот Самит на НАТО во Вилнус лидерите ќе се занимаваат со тековната војна меѓу Русија и Украина, нејзините предизвици за НАТО и чекорите за јакнење на одбраната и одвраќање на воениот сојуз. На дневен ред ќе биде и кандидатурата на Шведска за вклучување во НАТО.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО набрзо откако Русија ја започна војната против Украина во февруари 2022 година.
Иако Турција го одобри членството на НАТО, ја чека Шведска да ги исполни своите обврски според договорот.
Ердоган и претходно ѝ порача на Шведска дека не може да се надева на влез во НАТО сѐ додека им дава засолниште и зелено светло на терористите и на поддржувачите на терористите.
За да ѝ се приклучи на НАТО, на Шведска ѝ е потребно одобрение од сите членки на Алијансата, вклучително и Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години и која може да се пофали со својата втора по големина војска во рамките на Сојузот.