Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во политиката, тој и неговиот руски колега Владимир Путин.
– Кога сме кај лидерите, на светот останаа само двајца, господинот Путин и јас. Вашиот скромен слуга има 22 години претседателско искуство, а истото важи и за господинот Путин – рече Ердоган на средбата со младите во турската провинција Газиантеп, која граничи со Сирија.
Важен период во светот на политиката
Тој посочи дека светот минува низ многу необичен период откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД и оцени дека следните три месеци се многу важни.
Тој изјави дека Анкара ќе постапи по таа претпоставка.
– Ќе видиме како ќе се формира новата администрација со Трамп. Во исто време, светот се развива на друго место. Поради оваа причина, следните два-три месеци се многу важни за нас. Ги вложуваме сите наши напори, даваме сè од себе и соодветно испраќаме пораки до светот – рече Ердоган.