Ердоган нагласи дека на тој начин Турција влегла во лигата на земји со нуклеарна енергија во светот и најави почеток на изградба на уште две такви централи.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека првата нуклеарна електрана Аккују службено добила статус на нуклеарна постројка со денешната испорака на првото нуклеарно гориво на локација на електраната во јужната турска област Мерсин.
„Со испораката на нуклеарното гориво по воздушен и морски пат во нашата електрана, Аккују доби статус на нуклеарна електрана“, рече Ердоган во своето обраќање по пат на видео-конференциски линк на церемонијата по повод првата испорака на нуклеарно гориво во Аккују.
Еродан нагласи дека на тој начин Турција влегла во лигата на земји со нуклеарна енергија во светотот со доцнење од 60 години, колку што траеше сонот за првата нуклеарна централа во таа земја.
Меѓувладиниот договор за електраната во Мерсин е потпишан меѓу Турција и Русија во мај 2010 година. Свеченоста на полагањето на камен-темелникот се одржа на 3. април 2018 година, по што започна изградбата на првиот од вкупно четирите реактори кои во моментов се во изградба.
Електричната енергија произведена од топлината на горливите шипки ќе биде еквивалентна на енергијата добиена од 124.500 вагони јаглен, со што ќе се спречи емисија од 2,1 милијарда тони јаглерод во период од 60 години, колку што е работниот век на електраната.
Постројката ќе произведе 35 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно и ќе ги задоволи потребите на околу 10 % од потрошувачката од електрична енергија на Турција.
Откако електраната ќе биде потполно оперативна, се очекува вработување на околу 4.000 лица.
„Како и многу други важни проекти, Аккују е имплементирана со моделот на финансирање кое не ја оптеретува државата. Аккују е нашето наголемо заедничко инвестирање со Русија“, рече Ердоган.
Тој додаде дека овој проект, кој ќе придонесе за намалување на увозот на природен гас за 1,5 милијарди долари годишно, исто така позитивно ќе влијае и на зголемувањето на националниот приход.
Електраната, за која се очекува да има инсталирана моќ од 4.800 мегавати и четири реактори, би требало да почне да произведува струја кон крајот на оваа година.
Претседателот Ердоган денес најави дена наскоро ќе почне изградбата на втората и третата нуклеарна електрана во земјата, благодарение на позитивното искуство од изградбата на централата Аккују, која се смета за најголемо градилиште од тој вид на светот.