Ердоган истакна дека во изминатите 21 година успеале да го направат сето она што не е успеано да се постигне порано за 80 години.
Турскиот претседател и претседавачот на владејачката АК Партија (Партија на правдата и развојот) Реџеп Таип Ердоган изјави дека е многу важно Туркије да постигне енергетска независност во иднина.
„Ќе продолжиме со нашите напори за истражување на природен гас и нафта и на копно и на море. Ќе продолжиме со нашите напори додека не постигнеме енергетска независност“, рече Ердоган во обраќањето пред граѓаните на митингот на АК Партијата во Ерзурум.
Тој истакна дека во изминатите 21 година успеале да го направат сето она што не е успеано да се постигне порано за 80 години.
„Сега пред нас е нова ера, а таа се нарекува „Векот на Туркије“. Ние ја поставивме инфраструктурата за овој идеал со чекорите што ги презедовме во изминатите 21 година. Пред нас во државата имаше проблеми со патиштата, болниците, училиштата, универзитетите, спортските објекти, но ние сето тоа го решивме“, рече Ердоган и додаде:
„Пред нас Туркије имаше проблем и со производството, проблем во врска со зависност од други држави, но и тоа го решивме. Пред нас беше слаба Туркије со чија економија управуваа функционери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но и тоа потполно го сменивме.“
Тој потсети дека веќе одамна успеале да го отплатат целиот долг кон ММФ.
Ердоган додаде дека Туркије пред владеењето на АК Партија беше држава на која другите и беа потребни во борбата против терористичките организации.
„Но веќе не чекаме оружје или дозволи од другите. Со беспилотните летала, хеликоптерите АТАК, авионите Кизилелма кои сами ги произведуваме, ги уништуваме терористите“, рече Ердоган.