Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Германија и Велика Британија покажале позитивен став кон продажбата на авионите „Еурофајтер Тајфун“ на Турција, додавајќи дека неговата земја сака што поскоро да ја финализира набавката.
Ердоган додаде дека за ова прашање разговарал директно со британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Британците и Германците позитивно пристапуваат кон ова. Ако даде Бог, верувам дека ќе ги добиеме нашите авиони што е можно поскоро. Видов дека и тие позитивно пристапија кон ова прашање и се надевам дека ќе го направиме овој чекор“, рече Ердоган.
Ердоган додаде дека за ова прашање разговарал директно со британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Пристапот на новата германска влада претставува отстапување од позицијата на претходната коалициска влада, која ја сочинуваа Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Алијансата 90/Зелените и Слободната демократска партија (FDP).
Старата коалиција се спротивстави на продажбата на „Еурофајтер“ на Турција, наведувајќи ги политичките проблеми, ниското ниво на човекови права, курдското прашање и други.
Порано оваа година, Турција поднесе барање за 40 повеќенаменски авиони „Еурофајтер Тајфун“. Овој авион е заеднички развиен од Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија. За да продолжи каква било продажба, сите четири земји-партнери мора да го одобрат извозот.