„Ја намаливме странската зависност во одбранбената индустрија од околу 80 % на околу 20 % за 20 години. Бројот на проекти од одбранбената индустрија, кои беа само 62 во 2002 година, денес надминува 750“
За само две децении, Туркије направи значителен напредок на полето на својата одбранбена индустрија, намалувајќи ја својата странска зависност од 80 % на 20 %, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува AA.
Говорејќи на церемонијата по повод испораката на новите тенкови „Алтај“ на Турските вооружени сили за тестирање во северозападната турска област Сакарија, Ердоган ја нагласи целта на Туркије да биде „целосно независна во одбранбената индустрија“.
„Ја намаливме странската зависност во одбранбената индустрија од околу 80 % на околу 20 % за 20 години. Бројот на проекти од одбранбената индустрија, кои беа само 62 во 2002 година, денес надминува 750“, рече Ердоган.
Турскиот претседател, исто така, рече дека додека вкупниот буџет на Туркије за одбранбени проекти во 2002 година изнесувал 5,5 милијарди долари, сега достигнал проекти вредни 75 милијарди долари.
Ердоган истакна дека зад секој производ развиен во одбранбената индустрија стојат долгогодишни напори, трпение, работа и финансиска моќ.
„На овој начин се појавија и секое од нашите UCAV (беспилотни борбени летала), кои денес се познати низ целиот свет, и нашите оклопни копнени возила, воени бродови, фрегати и проектили, како и други системи, на кои им се восхитуваат“, додаде тој.
„Туркије стана земја снабдувач за одбранбената индустрија со нејзините производи што ги користат многу армии“, нагласи турскиот претседател Ердоган.
AA