Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не верува дека палестинската милитантна група Хамас ќе го напушти Катар, додавајќи дека ниту во Доха не видел знаци за тоа.
Зборувајќи со новинарите за време на летот од Ирак назад во Турција, Ердоган исто така рече дека целосната израелска окупација на Газа ќе ја „отвори вратата“ за понатамошни инвазии на палестинските територии, објавија Абертурк и други медиуми, објави Ројтерс.
Тој изјави дека верува оти Ирак гледа потреба да се елиминира курдската полиција на Курдистанската работничка партија (ПКК) и дека има волја да го стори тоа.
Ердоган истакна дека борбата на Турција против тероризмот ќе продолжи во согласност со меѓународното право.
ПКК, која со децении води бунт против турската држава, е прогласена за терористичка група во Турција, САД и ЕУ, соопшти агенцијата.
-Отстранувањето на оваа закана е и во корист на Ирак. Верувам дека тие ја гледаат оваа реалност и дека сега ќе бидат подготвени да го решат ова прашање – нагласи Ердоган.