Данскиот фудбалер и играч на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен изјави дека најверојатно ќе го напушти Јунајтед на крајот на сезоната.
„Мојот договор истекува ова лето и подготвен сум да барам нешто ново. Тоа ми одговара“, изјави тој на прес-конференцијата во Данска во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нации против Португалија.
Тој додаде дека никој од Јунајтед не контактирал со него за продолжување на договорот.
„Затоа претпоставувам дека соработката завршува. Тоа е моето толкување“, додаде тој.
За време на натпреварот Данска-Финска на 12 јуни 2021 година, Ериксен доживеа срцев удар на теренот и се врати на теренот осум месеци подоцна, кога играше за Брентфорд на 26 февруари 2022 година.
“Ќе почекам да видам какви понуди ќе пристигнат. Нема да донесам избрзана одлука, ако дојде вистинската можност ќе ја искористам. Немам намера да останам во Англија”, изјави Ериксен.