Ерик Тен Хаг го ,,реанимира“ Манчестер Јунајтед: – ,,Црвените ѓаволи“ никогаш посилни (ФОТО/ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед, најдобриот тим во англиската Премиер лига изминативе години се соочуваше со големи проблеми бидејќи не можеше да го пронајде вистинскиот менаџер кој ќе застане на чело на тимот и ќе може да му го врати победничкиот дух.

Во сезоната 2013/14, шкотскиот менаџер Дејвид Мојз беше првиот менаџер кој седна на клупата на Манчестер Јунајтед, откако Сер Алекс Фергусон се пензионира и го отстапи тренерското место. Сепак, иако првите натпревари ги започна солидно, остатокот од сезоната ја менаџираше лошо па, на 22. април 2014, Манчестер му врачи отказ.

По Мојз, следеа и Луис Ван Гал и Жозе Мурињо. Иако и двајцата менаџери не штедеа на финансиите и ги носеа најголемите фудбалски ѕвезди своевремено, Манчестер Јунајтед не можеше да освои некој значан трофеј. Мурињо и Ван Гал не само што не ги постигнаа резултатите кои навивачите ги очекуваа, тие внесуваа и немири во соблекувалната и постојано беа во конфликти со некои од играчите.

Можеби, тренер од кој навивачите на Јунајтед имаа најголеми очекувања беше Оле Гунар Солшер. Тој беше играч од онаа ,,златна“ генерација на ,,Црвените ѓаволи“ која во 1999 година ја освои Лигата на шампионите, совладувајќи го германскиот Баерн Минхен со 2:1 во судиското продолжение а Оле беше стрелец на еден од головите.

Тој тренерската кариера во Манчестер Јунајтед ја започна на 19 декември 2018 година и беше назначен како привремен менаџер за потоа да го преземе тимот во целост. Сите очекуваа тој да има одлични резултати бидејќи беше и поранешен играч на Јунајтед и близок пријател со Фергусон и беше човек кој најдобро ја знаеше филозофијата на игра на Манчестер, па и менталитетот на навивачите.

Сепак, и тој и како неговите претходници не успеа да ги исполни очекувањата од стручната служба на тимот и од навивачите па, минатата 2022 година му беше врачен отказ.

Можеби, она што Манчестер Јунајтед го бараше со години го пронајде во холандскиот стратег Ерик Тен Хаг. Тој застана на клупата на Mанчестер Јунајтед оваа сезона и успеа тимот да го издигне на високи ниво. Иако сезоната ја започна со два последователни порази, Ерик успеа Јунајтед да го издигне на врвот на тебелата на Премиер лигата.

Тен Хаг успеа да ги ,,рехабилитира“ играчите кои, иако беа големи ѕвезди, не го даваа својот максимум. Маркус Рашфорд, Ван Бисака, Варан, Фред се играчи кои повторно блескаат под неговото водство.

Се покажа дека со играчите кои ги доведе направи тим кој може да игра офанзивно и да одговори на желбите на навивачите. Касемиро, Мартинез, Ентони се играчи кои тој ги донесе во Манчестер и успеа да направи тим со победнички менталитет.

Тој постави свои правила во тимот и се постави како вистински авторитет. Знаеше кои играчи заслужуваат да бидат во тимот а другите, без да размисли, или им ги раскина договорите или го остави на клупата за резервни играчи.

Тен Хаг му покажа кај му е ,,местото“ и на Кристијано Роналдо а другите играчи сфатија дека тој е навистина сериозен и дека само најдобрите ќе играат за Јунајтед.

Манчестер Јунајтед оваа сезона имаа забележано убедливи победи против англиските гиганти како што се Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити и други.

Минатиот четврток тимот на Тен Хаг ја совлада Барселона со 2:1 во Лигата на Европа а тој изјави дека таа му е најдрага победа во неговата кариера.

Да потсетиве дека денес Манчестер Јунајтед го освои EFL купот – трофеј по неколкугодишна пауза совладувајќи го Њукасл со 2:0.

Како и да е, несомнено е дека Тен Хаг ја знае тајната за успехот на Манчестер Јунајтед а тоа го докажува на секој натпревар