ЕРЛИНГ ХАЛАНД Е ПОЕФИКАСЕН ОД ЦЕЛИОТ ТИМ НА ЧЕЛЗИ – Ова е само уште еден доказ за тоа во колку очајна ситуација е пребогатиот клуб од западен Лондон

Прескапиот Челзи продолжува да се сопнува на почетокот од новата сезона на Премиер Лигата.

По катастрофалната минатата сезона, оваа ќе биде уште полоша за „милионерите“ од Лондон.

По 6. коло од Премиер Лигата, Челзи се наоѓа на 14. место на табелата со само пет бода и исто толку постигнати голови.

Едноставно, им изгледа поразително што најдобриот стрелец во Премиер ЛигатаЕрлинг Халанд, од доаѓањето во Манчестер Сити постигна 44 гола, а Челзи постигна 43.

Ова доволно говори за кризата во која се наоѓа пребогатиот клуб, а од друга страна каков „ѕвер“ од играч е голгетерот на Манчестер Сити.

На 44 првенствени натпревари од доаѓањето во клубот, Норвежанецот постигна исто толку голови, буквално гол по натпревар.

Ерлинг ХаландМанчестер СитиПремиер лигафудбалЧелзи