Одличниот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, даде интервју за францускиот спортски дневен весник L’Equipe во кое истакна дека многу гледа фудбал на телевизија и дека е импресиониран од игрите на неговиот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд, Џуд Белингем.
„Го видов неверојатното деби на Џуд Белингем во Реал Мадрид, и многу сум среќен поради него. Не ме изненади неговиот успех во Шпанија, има силен карактер и многу брзо се адаптираше. Изгледа дека е таму долго време“, рекол Ерлинг Халанд.
Норвешкиот напаѓач бил прашан и дали ривалството меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд може да го наследи тоа меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а тој даде интересен одговор.
„Се чини дека сите мислат така. Но, да бидеме внимателни, морам да нагласам дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо правеа луди работи. Мора да запомниме дека тие се уште ги прават, бидејќи иако стареат, сепак се фантастични играчи. Се чувствувам привилегиран што имав можност да гледам двајца шампиони извонредни како нив. Но, никогаш не зборувам за себе против други играчи, ниту така гледам на работите. Се фокусирам на себе, само се трудам да бидам подобар секој ден, продолжувам да уживам во она што го работам и да бидам најдобрата верзија од себе“, објаснил Ерлинг Халанд.