Реал Мадрид сè уште бара наследник за Карим Бензема. На сите им е јасно дека Хоселу е само привремено „противпожарно“ решение, додека Винисиус Јуниор и Родриго не се класични „деветки“.
Килијан Мбапе е големата желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но претходните обиди да донесе го на „Сантијаго Бернабеу“ беа не успешни.
За овој потенцијален трансфер се напишани многу страници. Договорот на францускиот напаѓач истекува на крајот од сезоната, а Реал Мадрид би можел да го добие бесплатно.
Килијан Мбапе, сепак, не е единствената цел на Флорентино Перез. Ако нивниот договор со ѕвездата на ПСЖ пропадне, тие наводно се подготвени да се преселат за Ерлинг Халанд, норвешкиот центарфор кој импресионира во Манчестер Сити.
Сепак, и тоа може да биде доста комплициран потфат. Договорот на Ерлинг Халанд со „Граѓаните“ трае до летото 2027 година, а засега никој официјално не потврдил дека за него има откупна клаузула. Затоа евентуалното обештетување се уште е во сферата на непознатото…
Шпанскиот весник Sport тврди дека челниците на Реал Мадрид имаат план „Ц“ во подготовка. Доколку Килијан Мбапе и Ерлинг Халандотпаднат, според тоа сценарио, во Реал Мадрид би пристигнал Виктор Осимхен, првиот стрелец на италијанскиот шампион Наполи.
Се разбира, Реал Мадрид треба да плати доста висока отштета за него, бидејќи претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е познат како тежок преговарач. Transfermarkt ја проценува вредноста на Виктор Осимхен на 120 милиони евра.
Нема сомнеж дека 24-годишниот нигериски напаѓач би бил добредојдено засилување. Минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, а во тековната сезона по 16 натпревари во првенството и Лигата на шампионите има осум гола и три асистенции.