Руанг вчера еруптираше три пати исфрлајќи лава и пепел во висина од над 5 километри кон небото, принудувајќи ги властите да издадат наредба за евакуација на 12.000 жители, соопшти индонезиската метеоролошка агенција БМКГ.
Властите денес наредија евакуација на илјадници луѓе откако ерупциите на индонезискиот вулкан Руанг предизвикаа стравувања од цунами, а пепелта се прошири до соседна Малезија, објавија официјални претставници и локалните медиуми.
Исфрлањето пепел од вулканот Руанг, најјужниот стратовулкан во земјата кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, исто така принуди затворање на најмалку седум аеродроми, извести државниот провајдер за контрола на летање ЕрНав Индонезија (AirNav Indonesia).
Руанг вчера еруптираше три пати исфрлајќи лава и пепел во висина од над 5 километри кон небото, принудувајќи ги властите да издадат наредба за евакуација на 12.000 жители, соопшти индонезиската метеоролошка агенција БМКГ.
Агенцијата денес сподели мапа на која се гледа дека вулканскиот пепел стигнал до источна Малезија.
Брод за спасување и воен брод беа испратени за да помогнат во евакуацијата на илјадници луѓе од соседниот остров Тагуланданг по предупредувањето дека делови од вулканот паднале во морето, што потенцијално може да предизвика цунами.
Вулканот сè уште исфрла пепел и чад над кратерот, а нивото на тревога е на највисоко ниво од четиристепениот систем на предупредување.
Властите ги повикаа локалните жители да останат надвор од зоната од 7 километри околу вулканот.
Од 16 април, вулканските ерупции во провинцијата Северен Сулавеси откажаа десетици летови, погодувајќи илјадници патници, откако властите го затворија аеродромот Сем Ратуланги.
Сместена во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, Индонезија, најнаселената муслиманска земја, има честа сеизмичка и вулканска активност.
ТРТ Балкан