На илјадници луѓе им беше кажано да ги напуштат своите домови по ерупцијата на индонезискиот вулкан, исфрлајќи пепел во станбени области.
Руанг, 725-метарскиот вулкан северно од островот Сулавеси, еруптирал најмалку пет пати во 24 часа, според Индонезискиот Центар за вулкани и геолошки катастрофи.
Властите се загрижени дека дел од него може да пропадне во морето и да предизвика цунами.
Затоа, од луѓето е побарано да останат најмалку 6 километри, пишува Skynews , пренесува Телеграф.
Се известува дека затворен е и аеродромот Сем Ратуланги во Мандо, додека на над 11 илјади луѓе им е наредено да ја напуштат областа. Тие ќе бидат испратени до најблискиот град кој е оддалечен шест часа со брод.
Инаку, Индонезија како архипелаг со 270 милиони жители, има 120 активни вулкани.
Во 2018 година, ерупцијата на вулканот Анак Кракату предизвика огромно цунами и уби 430 луѓе.