На прашањето кои се неговите реални очекувања од денешната средба, Ескобар рече дека најголемо очекување денеска е финализирање на имплементацијата на анексот на договорот за нормализација.
„Средбата на лидерите на Косово и Србија во Охрид е историска прилика“,изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.
„Ова е навистина можност да се оддалечиме од настаните од 90-тите и да се оддалечиме од настаните од 1999 година и да се преселиме во 21 век. Тоа е можност не само за Србија и Косово, туку и за регионот во целина. рече Ескобар, кој на средбата во Охрид присуствува како набљудувач.
На прашањето кои се неговите реални очекувања од денешната средба, Ескобар рече дека најголемо очекување денеска е финализирање на имплементацијата на анексот на договорот за нормализација.
Тој посочи дека договорот за нормализација „создава мирни, предвидливи и пријателски односи меѓу Србија и Косово“ и „ја отвора вратата за двајцата побрзо да влезат во евроатлантските структури“.