Ескобар: Среќни сме што ве гледаме на патот кон ЕУ

Заменик Помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на денешната заедничка конференција со претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, истакна дека Македонија е дел од трансатлантските организации и сакаме да ja видиме и како членка на ЕУ

„Ја почитувам Северна Македонија, бидејќи како сојузник на САД ја организирам средбата меѓу Косово и Србија. Без Македонија не можеме да го одржиме жив дијалогот меѓу балканските држави. Во нашите предизвици имаме рака од Македонија и очекуваме Македонија да има пријател во САД. Среќни сме што го започнавте вашиот пат во Собранието и се надеваме дека ќе има глас на разумот да прифатите промена на вашата држава како држава. Како земја учествувате во трансатлантските организации. Сакаме да видиме пријателска земја како Македонија во ЕУ и поради оваа причина е неопходно ЕУ во себе да има лојална земја како вашата“, рече меѓу другото Ескобар.

На новинарско прашање како го коментирате отпочнувањето на процесот за уставни измени, Ескобар рече дека е добро што е почната дебатата, но истото треба да продолжи и епилогот да биде со уставните измени.

Запрашан за средбата со Мицкоски, Ескобар рече: „Мислам дека не сум тука да измачувам некого. Ќе се сретнам со него бидејќи САД се со оние кои се насочени кон патот на интеграцијата во ЕУ и со оние кои се борат против корупцијата за доброто на државата“, рече Ескобар.