Естонскиот министер за правда Кале Ланет одлучи денеска да поднесе оставка поради корупциски скандал поврзан со изнајмување стан од неговиот посинок.
Тој рече дека по средбата со премиерката Каја Калас одлучил да не остане на функцијата министер за правда „за да обезбеди правна јасност и работен мир во Владата“, објави естонската државна телевизија ЕРР.
„Втората причина за мојата оставка е што моите најблиски се на удар на јавноста, иако тоа воопшто не го заслужија“, рече Ланет.