ЕС ќе расправа за поддршката за Украина, заштитата на надворешните граници, миграцијата и инфлацијата

 Европскиот совет денеска ќе одржи вонреден состанок, а се очекува да се разговара за поддршката за Украина, заштитата на надворешните граници и миграцијата, мерките за контрола на инфлацијата. На средбата се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Минатата година Зеленски учествуваше шестпати на состаноците на Европскиот совет преку видео конференција.

Шефовите на држави и влади од ЕУ ќе разговараат за новите санкции што се подготвуваат против Русија поради нападот врз Украина. Ќе бидат разгедани прашањата за заобиколување на веќе воведените санкции, за користење на запленетиот руски имот, проценет од ЕУ на околу 300 милијарди евра, за повоената обнова на украинската земја, за барање одговорност од виновниците за воени злосторства. Досега ЕУ на Украина и обезбедила помош од околу 67 милијарди евра, според официјалните податоци.

Се очекува Европскиот совет да разговара за можностите за обезбедување финансирање од ЕУ за заштита на надворешните граници по предлогот на Европската комисија и податоците за миграциските текови.