Еуроњус Србија: Американската војска се повлече од заедничките вежби со Косово поради одлуките на Приштина

– Единиците на американската армија се повлекоа од учеството на меѓународната воена вежба „Бранител на Европа 2023“ што од 21 мај до 2 јуни се одржува на Косово, а американските генерали нема да се појават на завршната свеченост на оваа вежба, на која треба да присуствува и косовскиот премиер Албин Курти, дознава Еуроњус Србија од дипломатски кругови, јави допсиникот на МИА од Белград.

Ова, како што дознав Еуроњус Србија, е првата порака од Вашингтон до Приштина, откако владата на Косово не ги прифати повиците на САД за деескалација на ситуацијата на северот.

Исто така, како што неофицијално дознава РТС, САД забраниле средби и посети на претставници на Косово на Америка.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи. Блинкен го повика косовскиот премиер Албин Курти веднаш да престане со насилните мерки на северот на Косово и повторно да се фокусира на дијалогот со посредство на ЕУ. Во соопштението се наведува и дека акцијата е преземена против советот на САД и европските партнери на Косово.

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека откажувањето на учеството на Косово на воените вежби е „првата последица“ за владата во Приштина.

-Овие вежби се завршени за Косово. Побаравме од косовскиот премиер Албин Курти веднаш да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на северот. Тој не одговори на овие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции, изјави Ховениер на новинарите во Приштина.

Според Коха, тој истакнал дека Приштина не ги координирала со САД акциите што ги презеде во петокот.

-Кога дознавме за тоа, остро се спротивставивме. Одлуката имаше негативно влијание врз угледот на Косово и ги промени напорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ховениер.

Тактичка вежба „Бранител Европа 2023“. започна на 21 мај во Косово и во него учествуваат членови на петте армии членки на НАТО од регионот. Низ Косово се одржаа маневри на војниците на САД, Албанија, Турција, Северна Македонија и Хрватска, кои беа придружувани од пет високи офицери на американската армија. Повеќе од 1.300 припадници на Косовските безбедносни сили (БКС) учествуваат на вежбата, која се организира и во Северна Македонија, Албанија и Хрватска, со учество на армиите на САД, Турција, Хрватска, Косово и Албанија.