ЕУ бара итно хуманитарни коридори за Појасот Газа, повикувајќи го Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници

Во четвртокот, лидерите на земјите-членки на Европската унија се договорија за заклучоците во кои повикуваат на воспоставување хуманитарни коридори и паузи за да може итно да се достави помош до населението во Појасот Газа.

Европскиот совет ја изразува својата длабока загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа и повикува на континуиран, брз и безбеден хуманитарен пристап и помош на оние на кои им е потребна со сите неопходни мерки, вклучително и хуманитарни коридори и паузи“, се вели во текстот договорен од лидерите на земјите-членки по неколкучасовни дискусии.

Текстот ја повторува претходната „најостра осуда“ на нападот на Хамас и го нагласува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Појас Газа

Тие исто така го повикуваат Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници без никакви предуслови.

ЕУ имаше тешкотии да се договори за едногласна порака поради разликите во пристапот на земјите-членки.

Сите лидери го осудуваат нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври, кога, според израелски извори, најмалку 1.400 луѓе беа убиени, а над 220 беа киднапирани, но во исто време, некои го нагласуваат правото на Израел на самоодбрана, додека други изразија загриженост за палестинските цивили во Појасот Газа кои се убиени во израелските напади.

војнаЕвропска унијаИзраелПалестинаПојас ГазаХамас