ЕУ воведе санкции против седум лица поради обид за дестабилизација на Молдавија

Европската унија воведе санкции против седум лица од Молдавија поради нивни дејствија со кои ја дестабилизирале и го поткопале територијалниот интегритет на земјата која е поранешна советска република што граничи со Украина.

Санкциите се објавени пред пристигнувањето на повеќе од 40 европски лидери во Кишињев, кои на утрешниот состанок се очекува да ја изразат својата поддршка за Молдавија и нејзината сегашна прозападна влада, која ја осуди руската агресија врз Украина.

ЕУ многу и помага на молдавската претседателка Маја Санду откако дојде на власт во 2020 година, а во пресрет на состанокот во Кишињев најавено е дека ќе и се помогне на молдавската економија со 290 милиони евра.

Трите лица против кои ЕУ воведе санкции ја напуштија Молдавија, а двајца од нив се обвинети за банкарски измами. Еден од нив е Влад Плахотниуч кој беше разоткриен како главен човек во измамата вредна милијарда долари од 2014-2015 година, а другиот е прорускиот финансиски магнат Илан Сор, кој минатиот месец беше осуден на 15 години затвор и организираше масовни антивладини протести од егзил во Израел.