ЕУ за обновливите извори на енергија: Најмногу користат ветер, Данска е најистакната, соседите се на трето место

Уделот на електричната енергија од обновливи извори во ЕУ достигна 47 отсто во 2024 година.

Уделот на електричната енергија од обновливи извори во Европската унија лани достигна 47,4 отсто, што е за 2,6 отсто повеќе во однос на 2023 година, објави вчера Евростат.

Меѓу земјите на Европската унија , Данска имаше најголем удел на обновливи извори во своето нето производство на електрична енергија со 88,8 отсто, главно од ветер .

На второ место е Португалија  со учество од 87,4 отсто, која главно користела енергија од ветер и хидроенергија , додека на трето место е Хрватска со 73,8 отсто.

Најмал удел на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија има во Малта , 15,1 отсто, Чешка 17,5 отсто и Кипар со 24,1 отсто.

Повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори во ЕУ доаѓа од ветерна енергија (39,1 отсто) и хидроенергија (29,9 отсто), се додава во извештајот.

Преостанатата една третина од електричната енергија доаѓа од сончева енергија 22,4 отсто, запаливи горива 8,1 отсто и само околу 0,5 отсто од геотермална енергија, според веб-страницата на Евростат.