„ЕУ за општините“ ќе промовира нови 16 сертифицирани обучувачи

„ЕУ за општините“ ќе промовира нови 16 сертифицирани обучувачи

 Во организација на Програмата „ЕУ за општините“ денеска во Велес ќе бидат доделени 16 сертификати на вработени во дел од единиците на локалната самоуправа и планските региони со што тие ќе станат сертифицирани обучувачи за проектен менаџмент и јавни набавки според ЕУ PRAG правилата.

На официјалната церемонија воведни обраќања ќе имаат градоначалниците на Аеродром и Велес, Тимчо Муцунски и Марко Колев, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Програмата „ЕУ за општините“, Секретаријатот за европски прашања, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „СРМА“ Проектот на УСАИД.

-Со ова, Европската Унија продолжува да го зајакнува внатрешниот потенцијал на општините во земјава, а само во изминативе две години преку Програмата „ЕУ за општините“ беа обучени повеќе од 708 вработени од различни општини, со фокус на зголемени знаења и вештини од областите на јавните набавки според ЕU PRAG, договорното право и управувањето со проекти. Истовремено, во рамките на активностите на оваа ЕУ Програма, беше развиен и систем за испити и сертификација, а Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка во 2022 година со цел да се приклучат на напорите за градење капацитети на општините и изразија јасна намера да продолжат со активностите за обука и сертификација во рамките на Програмата „ЕУ за општините“, соопшти тимот на програмата.