САД и неколку европски влади тивко го повикуваат Израел да ја одложи копнената инвазија, пишува Times of Israel.
Западните влади сакаат Израел да отстапи откако Хамас ослободи две заложнички, бидејќи веруваат дека упадот во Појаост Газа може да ги попречи напорите да се обезбеди ослободување на уште заложници, изјавил висок дипломатски претставник.
Оние кои вршат притисок врз Израел, наводно, имаат свои граѓани меѓу исчезнатите. Тие веруваат дека копнена инвазија е многу веројатна и не му порачуваат на Израел воопшто да не ја започнува, туку само да ја одложи поради дополнителните дипломатски напори што во моментов се прават.