Висок функционер на Европската унија предупреди дека Москва се обидува да го дестабилизира регионот на Западен Балкан, затоа европскиот блок сака брза нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за да се намали просторот на Москва во дестабилизација.
Во овој контекст, функционерот, кој сакаше да остане анонимен со новинарите во Брисел, рече дека Москва се обидува да ги спречи страните да постигнат договор за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите.
„Ова е европски предлог поддржан од сите 27 земји-членки. Русија имаше неколку реакции, преку амбасадорот во Белград, барајќи да не се прифати предлогот и тоа да се одложи додека не се создаде „нов светски поредок“. Ова го гледаме како закана за претседателот Вучиќ да не го прифати предлогот. Досега не видовме дека тоа влијаеше на Вучиќи, но имаше на дел од опозицијата во Србија“, рече функционерот.
„Не треба да и се дозволи на Русија да го дестабилизира регионот на Западен Балкан. Мора да докажеме дека ЕУ е способна да го држи регионот во своите пазуви. Предолго го запоставивме регионот. Атмосферата во регионот е многу тешка, односите меѓу Косово и Србија се напнати и има многу проблеми околу непризнавањето на документите. Тоа ја попречува и соработката во регионот“, нагласи тој.
Овие коментари на официјалниот претставник во Брисел беа дадени неколку дена пред средбата на премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 27 февруари во рамките на дијалогот на високо ниво, во Брисел. дека очекуваат без дополнителни дискусии да го прифатат европскиот предлог и да разговараат само за имплементација на договорот.