Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, по двочасовната средба со премиерот на Косово Албин Курти изјави дека моменталната ситуација не е лесна.
На прашањето дали успеал „малку да го омекне Курти“, Лајчак рече: „Тој ги презентираше своите ставови, јас ги презентирав моите идеи и предлози, средбата беше долга, но многу важна“.
– Не е лесна задача, ниту лесна ситуација. Имав важни средби со претседателот Османи и со премиерот Курти. Долга искрена дискусија. Многу важна. Морам да ги изберам зборовите, има разбирање за потребата да се оди напред по трите точки што ги предложи ЕУ – проширување, нови избори и враќање на нормализацијата. Останува да продолжиме со дискусиите за конкретните чекори што треба да се преземат. Средбата беше долга, но многу важна за подобро да се разберат меѓусебните позиции. Се договоривме да продолжиме – изјави тој за новинарите.
Запрашан за санкциите против Косово, Лајчак рече дека не е во негова надлежност да ги коментира тие мерки.
– Јасно е дека ЕУ не е среќна што е во позиција да презентира мерки – додаде Лајчак.