ЕУ обезбеди пакет помош за Египет во вредност од 7,3 милијарди евра

 Европската унија денеска соопшти дека обезбедила пакет помош од осум милијарди долари (7,3 милијарди евра) за Египет.

Предвидено е потпишувањето на пакетот помош да биде за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и лидерите на Белгија, Италија, Австрија, Кипар и Грција, се вели во соопштението на египетските државни претставници.

Пакетот за помош вклучува грантови и заеми за следните три години за најнаселената земја во арапскиот свет, според наводите на Мисијата на Европската унија во Каиро.