Помошта во рамките на ЕПФ дополнително ќе придонесе за зајакнување на способностите и отпорноста на Украина, се вели во соопштението на Советот.
Советот на Европа во петокот се согласи да поддржи 1 милијарда евра за муниција и проектили за Украина во рамките на Европскиот мировен фонд (ЕПФ), јавува Анадолија.
Помошта во рамките на ЕПФ дополнително ќе придонесе за зајакнување на способностите и отпорноста на Украина, се вели во соопштението на Советот.
„Мерката за помош ќе финансира набавка на артилериски куршуми од калибар 155 милиметри и, доколку се побараат, ракети за украинските вооружени сили, кои заеднички ќе ги набават земјите-членки на ЕУ од европската одбранбена индустрија“, се додава во соопштението.
Се додава дека овие напори уште еднаш докажуваат дека Европската унија „останува непоколеблива“ во поддршката за украинската армија во нејзината одбрана од Русија.
„Денешната одлука е уште еден голем чекор за испорака на повеќе муниција во Украина. Вооружените сили на Украина имаат потреба од значителни количества муниција за одбрана на украинскиот народ и територија“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој додаде дека со претходната одлука за брзо обезбедување муниција од постоечките залихи, за оваа намена издвојуваат две милијарди евра, со што вкупната воена поддршка на ЕУ за Украина ќе достигне 5,6 милијарди евра.
ЕПФ е создадена во 2021 година за да ги поддржи воените и одбранбените партнери ширум светот „со крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност“.