Преговарачите на Европската Унија сè уште не успеаја да постигнат договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и како резултат на тоа, тие може да се обидат да го продолжат статус квото со цел да избегнат зголемување на царините.
Крајниот рок за постигнување сеопфатен трговски договор е 9 јули, но веќе е јасно дека овој рок нема да биде испочитуван.
Европската комисија денес им соопшти на претставниците на земјите-членки дека верува оти Америка е подготвена да ги „паузира“ тековните тарифи за партнерите со кои постигнала првични договори, со можен поблаг тарифен режим или исклучоци подоцна.
Без прелиминарен договор, американските царини за поголемиот дел од увозот би се зголемиле од сегашните 10 проценти на стапката утврдена од Трамп на 2 април, или 20 проценти, што е износот за ЕУ.
Европски дипломати за Ројтерс изјавија дека најверојатната опција е да се бара продолжување на статус кво, по што ќе следат продолжувања на преговорите.