Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на санкциите кон одредени сектори на руската економија до 31 јули 2023 година.
Европската Унија (ЕУ) одлучи да ги продолжи економските санкции кон Русија за уште шест месеци поради војната во Украина.
Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека е донесена одлука да се продолжат санкциите кон одредени сектори на руската економија до 31 јули 2023 година.
Во соопштението се потсетува дека економските санкции кон Русија најпрвин се преземени во 2014 година со образложение дека таа ја дестабилизира Украина, а потоа санкциите се значително проширени по започнувањето на Руско-украинската војна во февруари минатата година.
Нагласувајќи дека санкциите кон Русија продолжуваат во широк опсег, вклучувајќи ги подрачјата на трговија, финансии, индустрија, технологија, транспорт и луксузни производи, во соопштението се вели дека е забранет увозот на сурова нафта и некои нафтени деривати од Русија во ЕУ по морски пат и се додава дека некои руски банки биле отстранети од меѓународниот платен систем СВИФТ, како и суспендирани активностите на голем број радиодифузни мрежи.
Економските санкции на ЕУ кон Русија се продолжуваат на секои шест месеци.
Русија во 18 март 2014 година незаконски ги анектира Автономната Република Крим и градот Севастопол.
ЕУ првпат донесе одлука за воведување економски санкции кон Русија во 2014 година.