Колку пати сте се мачеле со полупразно шише кечап кога ја исцедувате содржината? Со еден трик на TikTok лесно може да се реши овој „проблем“.
Тиктокер Кејси Ригер сподели видео во кое покажува како без многу напор да се исцеди преостанатата содржина на кечап од полупразно шише.
Во видеото таа вели дека претходно го видела истиот трик на TikTok и мислела дека би било генијално доколку навистина функционира. Затоа решила да го испроба советот.
„Кога сакате да го исцедите остатокот од кечапот, повеќето луѓе го погодуваат шишето.
Таа го зеде шишето наопаку во раката и го заврте неколку пати спротивно од стрелките на часовникот. Резултатот беше видлив веднаш.
Видеото беше прегледано дури 22 милиони пати, а многумина и беа благодарни за едноставното решение што таа им го понуди.