Јелена Ѓоковиќ привлекува големо внимание во јавноста со комбинациите во кои се појавува на Вимблдон.
Додека нејзиниот сопруг победува на тениските терени, на стилот на Јелена и’ се восхитуваат љубителите на модата ширум светот, но и модните експерти, а особен ентузијазам предизвика мини фустанот во кој таа се појави на осмиот ден од тенискиот турнир.
Добро расположена, Јелена блескаше во црвено-бел тенок фустан со отворени раменици и деколте.
Мини фустанот кој ја следи линијата на телото е украсен и со спуштени кратки ракави, а Јелена ја заокружи комбинацијата со елегантни парчиња накит и рачен часовник. За да се заштити од сонцето, носеше сламена капа и очила за сонце.
Таа објави и фотографии на социјалните мрежи во ова модно издание.
Под објавата која собра повеќе од 67 илјади лајкови, следбениците ја опсипуваа со комплименти.
„Елегантна и убава, и од внатре и од надвор“, „Убав, елегантен, прекрасен фустан, крој и боја, а капата прекрасно ти стои“, „Убава како и секогаш“ и „Ова е убавина“ се само дел од коментарите на изданието.