Нема посоодветно место од овде, од македонското Собрание да ги посочиме придобивките за граѓаните од стратешките одлуки кои мнозинството пратеници ги донесе.
Успеавме да го унапредиме македонскиот јазик и дома но и во Европската унија.
Потпишавме Договор за ФРОНТЕКС на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, со што го издигнавме на ниво на јазиците на ЕУ.
Фронтекст е прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Со тоа, нашиот јазик е потврден во ЕУ и рамноправен со останатите јазици во Унијата и не може да биде оспоруван од никого.
Пропаднаа сите лаги и хистерии на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица кои тврдеа дека јазикот ќе бил загрозен, ќе бил дијалект на бугарскиот јазик и други слични бесмислици со кои ја плашеа македонската јавност.
Да биде иронијата поголема, токму ВМРО-ДПМНЕ беа тие кои не гласаа и воопшто не беа присутни во пленарната сала кога се ратификуваше Договорот за македонскиот јазик во ЕУ.
Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинарање на државата.
Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со левица во анти ервопскиот.
Стар и веќе виден пристап на сеење лаги, како што беше за бугаризација, асимилација, мигранти, кантонизација и што ли уште не.
Време е за глас за Европа во македонското Собрание а не за нови бесмислени измислици кои немаат никаква врска со реалноста.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат:
Дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица?
Прес-конференција на пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазареска.